ТОП 5 ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ ПРИЛЕП


TOP 5 TURISTIЧKI LOKACII VO PRILEP

1.Markovite kuli
Mарковите кули се наоѓаат на северозападниот дел од Прилеп веднаш над населбата Варош.Кулите se  именувани по српскиот средновековен кнез Марко Мрнјавчевиќ. За време на четиридецениските археолошки истражувања, пронајдени се остатоци кои укажуваат на постоење на рано античко населба - Керамија. Бедемот на овој терен датира од 13-тиот и 14-тиот век и е во добра состојба. Тука се наоѓа и палатата на српскиот крал Волкашин неговиот син Марко. По смртта на кралот Марко во 1395 година, оваа населба ја презеле османлиските сили. Оваа нова населба од XIV век добила име Варош, кое се уште е во употреба денес.

2.Mogila na nepobedenite
меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Паркот на револуцијата e proglasen за споменик на култура vo 1989 година.

3.Manastir Treskavec
Трескавец - манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп.  Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв (1422 м). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево. За манастирот Трескавец се вели дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него може да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.

4 Starata prilepska чаршија
Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар.На тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехрамбени производи. Старата чаршија е урбанистички комплекс, кој што својот најголем подем го има во втората половина на осумнаесеттиот век и почетокот на деветнаесеттиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град. Дуќаните во страта чаршија биле изградени со посебен стил кои даваат посебен дух и шарм на просторот.

5.Prilepskata saat kula
Саат кулата во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:

           Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..."   
     

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

СПЕЦИЈАЛИТЕТИ НА ГРАДОТ ПРИЛЕП

ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО ВО ПРИЛЕП (ПИВО ФЕСТ)