СПЕЦИЈАЛИТЕТИ НА ГРАДОТ ПРИЛЕП


SPECIJALITETI NA GRADOT PRILEP

1.[irden
Ширденот е надалеку познат прилепски специјалитет со јагнешко, телешко и свинско месо. Ширдените во прилепските ресторани се подготвуваат на специјален начин. Трите видови на месо се сечат на ситни коцки и се запржуваат со кромид и зачини. Наполнетите ширдени се редат во земјена тава и се печат додека не поруменат. Овај специјалитет се служи исклучиво топло и тазе. Гости од сите краишта доаѓаат да го пробаат прилепскиот ширден.

2.Svetinikolski sarmi
Светиниколски сарми, ситни, колку едно нокте, се традиционално јадење, кое во Прилеп се подготвува за верскиот празник Свети Никола. Прилепските сармички се прават од листови кисела зелка, домашна зимница, во кои се става претходно подготвена смеса од ориз, масло и црвен пипер и се завиткува во сармичка. Сармичката е со многу мали димензии, околу 1см. Овие сармички се причина за градот Прилеп да го добие признанието на Гинис. Во 2008, вредните раце на прилепските жени - волонтери подготвија 80.000 сарми, за секој жител по една.

3Ajvar
Највкусниот етно специјалитет и најголемата тајна на македонската кујна. Се прави од црвени пиперки, печени, лупени, мелени, па пржени со масло во големи тенџериња. Се пакува во тегли и служи како додаток на сите видови јадења. Тегла ајвар со биено сирење - нема промаршување.

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО ВО ПРИЛЕП (ПИВО ФЕСТ)

ТОП 5 ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ ПРИЛЕП