ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО ВО ПРИЛЕП (ПИВО ФЕСТ)
FESTIVAL NA
PIVOTO VO PRILEP
(PIVO FEST)
Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските
субјекти од градот.Фестивалот
е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители
на пиво и локални угостители. Посетители
доаѓаат од сите краишта на Република
Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност. Настанот е туристичка манифестација
која што има 16 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети
на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција,
која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот.Manifestacijata
trae 4 dena i ima izvonredna posetenost,Vo 2007-ta godina nа фестивалската
забава учествувале
над 350.000 посетители
од Македонија
и странство
кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара. На двете бини во центарот на градот настапиле
30-ина музички имиња и од забавната
и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници
и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани
посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.
Comments
Post a Comment